Vatech EzDent-i и alpinDent: пациентот со еден клик во рендген програмата
Снимате на Vatech уред? Досега секој пациент го внесувавте двапати, во програмата за ординацијата и во EzDent-i. Отсега го внесувате еднаш, а снимката секогаш завршува во вистинскиот картон.
Што е EzDent-i
EzDent-i е програма на компанијата Vatech за работа со дигитални рендген снимки. Преку неа се снимаат и прегледуваат ортопан (OPG), цефалометриски и интраорални снимки, а со Ez3D-i и CBCT снимки. Програмата води сопствена база на пациенти на компјутерот во ординацијата, па секој пациент мора да постои и таму пред да се направи снимка.
Во практика тоа значи двојна работа. Име, презиме, датум на раѓање и ЕМБГ се внесуваат еднаш во програмата за ординацијата и уште еднаш во EzDent-i. Една погрешна буква и снимката завршува во погрешен картон, или истиот пациент добива два картона.
Како работи интеграцијата
На страницата на пациентот во alpinDent се појавува копче EzDent-i. Еден клик го отвора EzDent-i со тој пациент. Ако пациентот веќе постои во EzDent-i, се отвора неговиот картон. Ако не постои, EzDent-i сам го креира со податоците од alpinDent.
Се пренесуваат основните податоци на пациентот:
- име и презиме,
- датум на раѓање и пол,
- ЕМБГ,
- телефон и адреса,
- бројот на картонот од alpinDent, како забелешка кај пациентот.
EzDent-i го води пациентот под внатрешниот број од alpinDent, па истиот пациент секогаш завршува во истиот картон, дури и кога ќе му се смени презимето или телефонскиот број. Преносот оди во една насока, од alpinDent кон EzDent-i. Снимките остануваат во EzDent-i, како и досега.
Поставување
Вклучувањето трае неколку минути. Ние го вклучуваме модулот во вашата ординација, а на компјутерот до рендгенот еднаш се инсталира мала помошна програма. Потоа копчето работи на сите страници на пациенти. Во самата EzDent-i програма ништо не се менува.
Каде се податоците
Податоците на пациентот одат од вашиот прелистувач директно во EzDent-i на истиот компјутер. Помошната програма само му ги предава на EzDent-i и го стартува. Ништо не се испраќа на трети лица и ништо не го напушта компјутерот.